Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ѓорчев го собра гневот на земјоделците и граѓаните со коментарите за цените на зеленчукот

Експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев го собра гневот на земјоделците и граѓаните по неговите коментари дека зеленчуците се со високи цени во малопродажба.

Граѓаните му порачаа на Ѓорчев, повеќе да го почитува трудот на земјоделците и да не се обидува на нивната мака да печали ситни политички поени.

Ѓорчев на неговите профили на социјалните мрежи оскоментира дека цената на пиперките и краставиците се високи и за тоа ја обвини владата. Сепак земјоделците му порачаа дека ова се дури и ниски цени, со оглед на трудот кој го вложуваат земјоделците за да има краставици и пиперки во февруари.

Корисниците на социјалните мрежи на Ѓорѓчев исто така му порачаа дека толку долго се хранел на државна сметка, што дури сега дознал дека цената на зеленчикот во зима е далеку повисока отколку во лето.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец осомничен за неколку кривични дела кон членови на семејството, предложен притвор

ДЕСК

АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: 15 возачи завршија во полиција поради безобѕирно управување

ДЕСК

Апсење во Тетово

ДЕСК