Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Маричиќ: Не се служиме со рокови, важно е да имаме суштински резултати со Бугарија

„Не би сакале да дискутираме и да се врзуваме со рокови, бидејќи тоа не ни донесе успех досега. Видливо е дека има волја тоа да биде брзо. Нам ни е важно да имаме суштински резултати и секако не ни е во интерес да губиме време“ кажа вицепремиерот Бојан Маричиќ во „360 степени“ на Алсат.

Тој додаде дека и европските институции сметаат дека земјава веќе требаше да ја одржи првата Меѓувладина конференција и општиот впечаток е дека нема време за губење.

„Ние сме претпазливи и рационални оптимисти. Доброто е што и Француското претседателство е заинтересирано за Западниот Балкан и за разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија“ кажа Маричиќ.

Тој додаде дека Владата работи отворањето на претововите да се случи сега, но сепак фокусот не е на роковите, туку на суштината на проблемите.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +