Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски за Ла Либре: Дебатите ги водеа пропагандисти, сега генерираме позитивна енергија со Бугарија

„ Имавме многу плодни дискусии и заклучивме дека е потребно да се врати довербата меѓу двете влади, но и меѓу општествата и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија. Во минатото дебатите главно се водеа од пропагандисти, кои лошо влијаеа врз медиумите и врз перцепцијата на состојбите од страна на граѓаните на двете земји“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во неговто интервју за Ла Либра.

Тој додаде дека една недела по посетата на премиерот Петков на Скопје, се одржа и заедничка седница на двете влади, а во Софија се формираа и четирите работни групи.

„Министерствата за надворешни работи добија задача да работат на политичките спорови меѓу двете земји. Дискусиите во моментов се фокусирани на изготвување на работни документи и штом ќе дојдеме до нешто опипливо, одобрено од двете страни, овој документ ќе биде споделен во двете земји преку законски процедури“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека мора да се работи посветено и дека решението треба да биде засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК

Расчистена кражба во куќа во Тетово, пронајден е сторителот и дел од парите, следува соодветна пријава

ДЕСК