Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Лазаров: Граѓаните се иселуваат затоа што немаме поврзаност, редно е да изградиме инфраструктура со Бугарија

„Не смее разговорите со Бугариај да се остават само на политиката и да останат само на разговори. Треба да се потпишат конкретни договори со конкретни рокови и да се најде начин да се избегне бавното и скапо градење на инфраструктурните проекти“ кажа претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во вестите на Сител.

Тој додаде дека потребно е брзо да се инвестира во инфраструктурните проекти, бидејќи ниту цената за изградба на автопати, државите од регионот ја платија со иселувањето на повеќе од еден милион жители.

„Ништо не го спречува бугарскиот бизнис во Северна Македонија, ниту македонскиот во Бугарија, но како да зборуваме за трговија кога имаме мали гранични премини со по една лента за камиони и возила. Каков проток да очекуваме?“ запраша Лазаров.

Тој додаде дека мора да се направи инфраструктурата, која ќе служи како магнет за логистичките центри, хотелите и се што е пропратно за еден модерен коридор и автопат.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК