Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е самобендисан лицемер, за барањата и условите за избори, не може да се договори ниту во својата коалиција

Соопштение на СДСМ:

Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за помалку пратеници во составот на Собранието, тоа е истата партија која со години трошеше пари и организираше избори за дополнителни три пратеници во дијаспората.

На тој начин, со изборни неправилности, со едвај стотина гласови ВМРО-ДПМНЕ добиваше три пратеници.

За своите барања за предвремени избори и укинување на техничката влада, самобендисаниот Мицкоски не може да се договори ниту во сопствената коалиција, затоа што Алијанса за Албанците не прифаќа укинување на техничката Влада.

Мицкоски е уплашен затоа што неговите градоначалници ништо не работат и ја губат довербата од граѓаните, па затоа постојано ја малтретитра јавноста со барања за предвремени избори.

Во време на криза, институциите треба да се посветат на работа и проекти, граѓаните се уморни од избори и очекуваат конкретни решенија а не нови избори со кои системот ќе застане.

Избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК