„Повеќе пати коментирав, дури имав прилики и да се дообјаснам околу Македонците во Бугарија. Сакам да се држиме до нашиот Устав и нашата политика, прва одредба за немешање во внатрешните работи на другите држави имаме со Декларција во 1999 година, каде стои дека која било држава ќе се меша во внатрешните прашања на друга. Истото е во Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година, а ние имаме и 36-ти амандман, дека ќе се грижиме за посебностите на сите народи во државата и надвор од неа. Секој што се декларира некако тоа мора да му се уважи, но статусот што ќе биде определен сепак е на другите држави“ – изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, во вестите на Сител.
Тој дополни дека нашата држава не барала ништо низ годините од Бугарија. Македонците во Бугарија, кои создаваат свои структури таму, се обраќале и до бугарските и до европските институции и тоа е патот за остварување на целите.
„Од друга старана ние пред 20 години сме ја дефинирале Северна Македонија како држава на Македонците и другите народи кои живеат во нашата држава. Постојат долгогодишни барања и на хрватската, црногорската, и на бугарската заедница. Кога ќе се отвори тоа прашање ќе го разгледаме, не гледаме политички проблем околу тоа. Така како што се набројани другите, така може и останатите. Веќе имаме ставено народи во Уставот, дали ќе се прошират со уште една, две три заедници не е проблем за концептот на нашиот устав. Важно е да ги заокружиме ова прашање. Ние велиме немаме проблем тоа да го направиме и мислам дека треба пред пристапувањето во ЕУ треба да се направи. Ние треба за тоа отворено да зборувае, како е возможно, кога е возможно…“- дополни вицепремиерот.