Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Имаме право да говориме и да го нарекуваме македонски, Бугарија го знае нашиот став за јазикот

„Не е важно само Бугарија да има гаранции, туку и ние да имаме гаранции и да сме сигурни дека обврските што ќе ги преземеме ќе ги исполниме. По одлуката на ЕУ од март 2020 година, закочивме на усвојување на преговарачката рамка. Важно е за нас процесот на европеизација да не стане билатеризација, тоа е важно и за државите членки. Ова е прдизвик, ова го дискутираме, немаме се уште начин, немаме точки, но во коррдинација со ЕК, заедно со премиерот, министерот Османи, одиме во Брисел на средби, сигурно ќе разговараме и за ова, ние ќе останеме дека ќе ги исполниме нашите обврски, но да ги исполни и Бугарија. Во однос на јазикот сме кажеле, нема да отстапиме, ниту одговара да отстапиме, дека имаме право да говориме македонски и да го нарекуваме македонски, како што е во ООН, така да биде и во ЕУ. Нема друга црвена линија, на тоа не обврзува Уставот и декларацијата донесена во Собрание“- изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во вестите на Сител.

„Работиме со Бугарија во нова атмосфера, треба да се почитуваме, со базирање на европските вредности, со почитување на нашата посебност и дигнитет. Да ги менаџираме тензииите и потенцијалните проблеми за овој процес започнат пред две три недели да му дадеме шанса и да се обидеме за брзо време да ги затвориме прашањата.“- истакна Бојан Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК