Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, три неисправни во Гостивар

Денеска (31.01.2022) во периодот од 6 до 9 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани 2 возила без извршен технички преглед и 1 возило со недостиг на потребна опрема. На возилата-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека 1 возило е исклучено од сообраќај.

Покрај ова, во контролата санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци за кои се изготвени поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.

Можеби ќе ве интересира

РАЗБОЈНИШТВО СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО КАЗИНО ВО КАРПОШ – Од вработените одземени пари, полицијата го расчистува случајот

ДЕСК

ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ЗАВРШИЛ СО ПОЛИЦИСКА ПРИЈАВА – Жена од Гевгелија пријавила агресивно однесување од братот

ДЕСК

ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ПРОНАЈДЕНА НА УЛИЦА ВО ПРИЛЕП – Интервенирал пиротехничар, направата е безбедно подигната

ДЕСК