23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тридневна бесплатна ЛЕГО работилница во Ист Гејт Мол

Првите години од детството се најважни за правилен детски развој. Учењето за светот околу нас преку забава и логички предизвици, пропратени со голема поддршка, нега и љубов, се едни од најдобрите начини за здрава нега на детскиот ум.

Последниот викенд од јануари најголемиот регионален шопинг центар од европски ранг се очекува да биде исполнет со детски џагор, бројни насмевки и многу забава за најмалите.

Во организација на КРШ и Ист Гејт Мол, на 28.01.2022 (петок) од 18:00 до 20:00 часот, како и на 29.01.2022 (сабота) и на 30.01.2022 (недела) од 13:00 до 16:00 часот, детските умни глави ги очекува тридневна ЛЕГО работилница со коцки и наградни изненадувања за најсреќните дечиња. ЛЕГО работилницата во наведените временски интервали ќе се реализира спроти продавницата КРШ, а во склоп на истата на сите посетители ќе им биде достапен и мал изложбен дел на ЛЕГО играчки.

„Конзистентната достапност на широка палета на содржини, коишто ги дополнуваме и збогатуваме секојдневно, и коишто се соодветно и внимателно смислени да одговараат за сите генерации и да ги исполнат и најпребирливите вкусови и очекувања за како треба да изгледа прошетка во еден ваков шопинг центар каков што е Ист Гејт Мол, е нашиот најголем и омилен предизвик, уште од денот кога ги отворивме вратите на домашните и странските посетители. Уживањето во комфорен и безбеден шопинг, движејќи се низ пространите коридори на секое ниво во Ист Гејт Мол, е уникатно, а моменталните јануарски намалувања на достапните брендови до -70% попуст, се и повеќе од привлечни за сите возрасти.“ изјави Билјана Северинова, Маркетинг менаџер на Ист Гејт Мол во Скопје.

Годината можеби само што започна, но овој викенд во Ист Гејт Мол пристигнуваат сите 12 месеци одеднаш. На 30.01.2022 (недела) атмосферата на шопинг центарот ќе биде збогатена со уште една театарска претстава за деца, „12те месеци“, во изведба на актерската екипа на Театар за деца и младинци, со почеток во 12:00 часот напладне на -2 кат, кај Тинекс маркетот, на Централниот плоштад.

На сите талентирани љубители на спортот, покрај можноста до крајот на јануари за слушање на спортските вести од студиото на Спортско Радио во живо во Ист Гејт Мол, им преостануваат само уште неколку дена до 30.01.2022 до кога ќе можат да учествуваат во спортскиот зимски предизвик на Спорт Вижн и Интерспорт, „Дај гол и добиј попуст“.

Вратите на најголемата регионална шопинг престолнина се отворени секој ден од 10 до 22 часот. Секоја недела продавниците работат до 20 часот, а рестораните и баровите во недела работат до 22 часот.

Во месец јануари почни со шопинг, забава и уживање во Ист Гејт Мол и уживај во јануарската зимска бајка од содржини и попусти за сите генерации.