Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пецаков мора да одговара, ВМРО-ДПМНЕ да престане да го штити и да врши притисок врз институциите

Соопштение на СДСМ:

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков мора да одговара затоа што свесно постапил незаконски, ги прекршил протоколите за заштита од ковид 19 и со тоа го загрозил јавното здравје.

Неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, мора да престане да го штити, да престане да шири лажни вести и да престане да врши притисоци врз институциите.

Институциите да не потпаѓаат под притисокот на ВМРО-ДПМНЕ, Пецаков мора да одговара за тоа што наместо во изолација по тестирање за Ковид 19 присуствуваше меѓу илјадници луѓе во Охрид.

Секој кој постапувал незаконски мора да сноси одговорност без разлика кој е, дали извршува некаква фунцкија или припаѓа на некоја политичка партија.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза: Лоши вести за времето

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК