На Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернашнл, Северна Македонија се искачи на 87 позиција, што е голем скок од 111 позиција на која што се наоѓаше минатата година.
Успешните политики во борбата против корупцијата беа препознаени и земјава има за 4 поени подобар индекс споредено со минатата година, со што земјава е меѓу државите кои најмногу напредувале.
Заложбите на Владата за борбата против корупцијата конечно вродуваат со плод и Северна Македонија започнува да се искачува на индексот.
Од земјите од Западен Балкан, подобро од нас котира само Црна Гора, додека исто поени колку Северна Македонија има и Косово. Позади нас на листата се Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Во светски рамки, најголем раст бележи Ел Салвадор, со 5 поени, по што следува Северна Македонија, заедно со Сејшелите, Папуа Нова Гвинеја и Судан со раст од 4 поени. На листата први остануваат Данска и Нов Зеланд, а по нив следуваат Финска, Сингапур и Шведска.