8.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Значително намалена корупцијата во Македонија според Транспаренси интернешнл

Забелжлив напредок во намалување за корупцијата во Северна Македонија после неколку години и тоа со скоок во 24 места погоре во однос на минатата година според најновата листа на Транспаренси интернешнл. Северна Македонија во моментов се наоѓа на 87 место со 39 индексни поени, додека минатата година се наоѓаше на 111 место со 35 индексни поени.

Според извештајот на Транспраенси интернешнл скокот во борба со корупцијата се должи на тоа што Владата ја усвои агендата и акцискиот план за борба против корупцијата. Планот којшто беше развиен во консултација со граѓанското општество е базиран на повеќе полиња како организираниот криминал, реформите во судството, справување со непотизмот и искоренување на практиките на партиските вработувања.

Во извештајот се наведува дека пандемијата КОВИД-19 донесе значителни предизвици во борбата за справување со корупцијата и во заштита на човековите права. „Со оглед на тоа што напорите за корупција стагнираат ширум светот, човековите права и демократијата се исто така нападнати. Ова не е случајно. Нашата последна анализа покажува дека заштитата на човековите права е клучна во борбата против корупцијата: земјите со добро заштитени граѓански слободи генерално постигнуваат повисоки резултати, додека земјите кои ги прекршуваат граѓанските слободи имаат тенденција да добиваат пониски оценки“, се вели во извештајот.

Имајќи го во предвид растот во индексот за борба против корупцијата и контекстот од извештајот којшто прави поврзување со состојбата на демократија и заштита на човековите права, Северна Македонија докажува дека со скокот во растот на оваа скала за борба против корупцијата докажува дека зазема сеопфатен пристап во борба со корупцијата, но истовремено и кон почитување на човековите права и негување на демократска култура.

Инаку, во истражувањето се опфатени 180 земји во светот. Индексот на перцепција на корупцијата се мери на скала од 0 до 100, при што 100 е највисока вредност и означува најмало ниво на корупција.