Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Меморандум за промоција и инвестициска соработка на претпријатијата од Северна Македонија и Бугарија

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер денеска во Софија во рамки на заедничката седница на македонската и бугарската Влада потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија.

Целта на овој Меморандум за разбирање е промовирање на трговската и инвестициската соработка помеѓу претпријатијата и особено малите и средни претрпијатија на двете земји.

Согласно Меморандумот, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија во наредниот период ќе воведуваат нови можности за трговска и инвестициска соработка и ќе ги поттикнуваат малите и средни претрпијатија (МСП) од двете земји да одржуваат различни форми на соработка.

Соработката согласно потпишаниот Меморандум ќе биде во делот на размена на информации во врска со политиките и мерките за промоција на МПС, размена на искуства во организирање и администрирање на активности за обезбедување на услуги за МПС, организирање на семинари, саеми изложби и други промотивни активности за зајакнување на меѓусебната размена и соработка помеѓу МПС од двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК