Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Меморандумот, претставен од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете влади, која ќе се одржи утре во Софија.

„Со документот се изразува согласност за формирање заедничка работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за проектот.

Меморандумот е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави, соопшти владината прес-служба.

Согласно Меморандумот, работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

ДЕСК

СЛЕДУВААТ ТРИ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО МАЈ, ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ: Објавена е најновата листа на празници

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК