Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Недела неработен ден обезбедува заштита на работничките права и поголеми дневници

Соопштение на СДСМ:

Недела неработен ден е проект во низата проекти на Владата предводена од СДСМ кој ги унапредува работничките права.

Трет викенд по ред недела е неработен ден за 92 отсто од сите работници, а оние осум отсто кои денеска работат добиваат од 50 до 100 отсто повисоки дневници.

Со ова се реализира клучно ветување пред граѓаните дадено пред парламентарните избори во 2020 година.

Со недела неработен ден, се слеваат два отсто повеќе даноци кои ќе завршат во посебен фонд од кој ќе се инвестира во изградба на детски градинки.

СДСМ како одговорна државотворна партија продолжува со реализација на мерки политики кои значат заштита на работничките прави и повисок економски стандард за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

C +

Од вторник заладување со пообилни врнежи од дожд и снег

C +

Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот

C +