22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

5 знаци од зодијакот кои ќе најдат сродна душа оваа зима: Ќе ги грее љубов во студените денови

Доколку сте меѓу овие среќници, пред вас е период на љубов и романса.

Како што тврдат астролозите, првата третина, а особено зимските месеци оваа година, на некои знаци од Зодијакот ќе им донесат можност да ја пронајдат својата „сродна душа“ ако веќе не го направиле тоа.

Доколку сте меѓу овие пет хороскопски знаци, надевајте се дека оваа зима ќе уживате во длабоки емоции и искрена љубов која ќе ве стопли.

1. Бик
Слободните Бикови имаат големи шанси да започнат нова врска која ќе прерасне во многу сериозна врска, можеби крунисана со брак. Конечно ќе запознаете личност која ќе остане со вас долго време. Зафатените Бикови имаат можност да започнат заеднички живот со партнерот или да ја подигнат врската на повисоко ниво.

Оние Бикови кои се во лоши врски и кои сакаат да раскинат, ќе стават крај на приказните кои ги „гуши“, но нема да страдаат, бидејќи многу брзо ќе запознаат некој вреден за внимание.

2. Девица
Некои Девици веќе чекаат бурна љубовна романса во јануари, која можеби нема да биде толку среќен крај. Сепак, не очајувајте, бидејќи во првите месеци од годината ќе ја сретнете личноста што ја сакате и ќе уживате со него, исполнети со љубов и разбирање.

3. Вага
Многу Ваги во претходните години беа разочарани во љубовта, но за нив доаѓа подобро време. Зимава им се насмевнува среќата и тоа со некој кој слободно може да се каже дека тоа е „љубовта на нивниот живот“.

За некои тоа ќе биде личност што ја сакале одамна и која можеби никогаш не престанала да ја сака, а за други некој сосема нов. На Вагите им претстои прекрасен период, полн со емоции.

4. Јарец
Се додека Сонцето е во вашиот знак, но и кога ќе прејде соседната Водолија во вас, ќе имате среќа во љубовта, која ќе трае за време на владеењето на Рибите, што значи до втората половина на март. На многумина им го привлекувате вниманието, од сите страни се појавуваат додворувачи, а меѓу нив се крие вашиот потенцијално совршен партнер.

Време е да го отворите срцето за љубовта, да ја покажете својата скриена топлина и да и дадете шанса на вистинската личност за вас.

5. Водолија
Исто како и со планетата која владее со Водолија – Уран, сè ќе се случи ненадејно оваа зима. По периодот на смиреност кој траеше последните неколку години, кога ништо не се случуваше во љубовта, настанува вистинска бура од емоции и страсти каква што многу Водолии досега не ја почувствувале.

Некои од претставниците на овој знак ќе бидат во дилема, бидејќи ќе можат да избираат меѓу неколку додворувачи, а многу од нив ќе бидат квалитетни и само „прилагодени“ на Водолија. Една фатална средба го носи сето она по кое твоето срце копнеело. Февруари ви носи неочекувана романса.

Можеби ќе ве интересира

За овие 3 хороскопски знаци оваа недела ќе биде најсреќна во ноември

M T

Три знаци ќе се заљубат: Овој го чека СУДБОНОСНА ЉУБОВ

M T

Ова се трите најомразени знаци на зодијакот: Еден ужива во репутацијата дека е најопасен

M T

Среќата ги следи: ОВИЕ четири знаци до крајот на годината ќе најдат СРОДНА ДУША

M T

Знаци дека детето има висок коефициент на интелигенција: Внимавајте на МАЛИТЕ ДЕТАЛИ

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T