Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, прашан за посетата на премиерот Кирил Петков во Северна Македонија.

Радев рече дека има многу позитивни сигнали од оваа посета, но се надева дека клучните прашања во спорот нема да бидат изоставени.

„Сепак, се надевам, како што кажав вчера од собраниската говорница дека заедно со сите напори за подобрувањето на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, нема да ги заборавиме и главните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите“, рече претседателот Радев.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +