Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Со сертификат за вакцинација или прележана болест, Македонците ќе можат да влезат во Бугарија

Од 20 Јануари, Македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија.

По интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК