Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Секој има право да се декларира на која заедница припаѓа, никому не му ускратувам права

„Секој има право да се декларира во која етничка заедница пропаѓа и тие права да ги остварува во рамките на државата каде што живее. Постојат голем број конвенции, принципи, повелби и декларации кои ги заштитуваат малцинските права. Никому не ускратувам право да се декларира како што мисли дека треба, а за сите отворени прашања, па и тие за малцинствата ќе разговараме со бугарската страна“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека во 36. Амандман од Уставот на Република Северна Македонија стои дека државата нема да се меша во внатрешните прашања на било која друга држава и во таа насока беше неговата изјава.

„Доколку во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој не може тоа да им го ускрати. Нивниот статус, зависи од државното уредување на Бугарија и правата кои таа им ги дава“ кажа Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека постојат механизми во Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права кои ги штитат правата на малцинствата.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК