Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ: Со прифатеното кратко име од Бугарија направивме чекор кон стекнување доверба

„Со прифаќањето на краткото име на државата Северна Македонија од страна на Бугарија и двете страни направивме заеднички чекор и затвориме едно отворено прашање што ни предизвикуваше проблеми во дел од меѓународните организации“ кажа вицепремиерот Бојан Маричиќ во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека овој проблем бил решен со еден чекор, односно со испраќање на нота до Обединетите Нации во која објаснуваме дека Северна Македонија и Република Северна Македонија е исто.

„Објаснивме дека Северна Македонија го означува географскиот простор на Република Северна Македонија и немаме никакви тероторијални претензии кон ниту една држава. Со тоа го затвориме ова прашање и Бугарија ја менува својата позиција и почнува да го користи краткото име“ кажа Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека досега заради овој проблем државата не можела да го користи краткото име во повеќе меѓународни институции, вклучувајќи ја и Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК