24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Не бараме 100 дена грејс период, предизвиците не може да чекаат

„Не очекуваме и не бараме 100 дена грејс период за нова Влада. Едноставно, нема време за запознавање и анализи. Влегуваме во жарот на проблемите и предизвиците и ќе сториме се да бидеме успешни и ефикасни, за што јавноста и вие пратениците ќе не контролирате. Ве повикувам на отворена дводневна дебата. Внимателно ќе ги слушам сите Ваши аргументи и денес и утре, но и понатаму“ кажа мандатарот Димитар Ковачевски во неговото експозе пред пратениците.

Тој додаде дека економијата, како и во секоја држава е клучна област и дека не чека тешка година со многу надворешни влијание, но токму поради тоа Владата има план и за големата енергетска криза.

„Светот забрзано се менува. За жал, се уште постоечката Пандемија, радикално ги промени и менува нашите животи. Но, простор за оправдувања нема и ние мора да се менуваме. Длабоко сме уверени дека позитивните промени што сакаме и мораме да ги направиме во овие две и пол години, ќе не подготват за новото време и декадата пред нас. За да тие што ќе продолжат по нас имаат одлична основа за нов прогрес, како што претходната Влада успеа да ја придвижи државата напред, за што изразувам почит и благодарност“ кажа Ковачевски.

Тој дода де дека се нафатил на овбврската и одговорноста да биде премиер, не затоа што е лесно и убаво, туку затоа што е тешко и е убеден дена мора да се најдат решенија.

„Во Владата ќе понудам концепт на управување и работа кој нема да објаснува зошто нешто не може да се заврши и колку е тоа тешко, туку модел во кој секој ќе знае што, како, кога и зошто ќе работи. И ќе се мерат резултатите на сработеното, а не на плановите. Бидејќи од ветувања и надежи не се живее. Добар и квалитетен живот, повисок стандард, мир и спокојство се обезбедува само со многу труд. Тоа ќе биде нашиот модел на работа“ кажа Ковачевски.