Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СНЕГ ВРНЕ ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА: Еве каква е ситуацијата на патиштата низ републиката

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стражa и Ѓавато.

Намалена видливост до 20м. поради магла има на патниот Попова Шапка – с.Лисец.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 31.03.2026 до 04.04.2026 година ќе се врши „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“. Во временски интервал од 07:00 до 19:00 часот ќе биде воспоставен изменет режим на сообраќај.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +