11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Данела Арсовска мора да разбере дека има обврска да им помогне на граѓаните, а не на Владата

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност во Владата:

Данела Арсовска вечерва на ТВ21 кажала дека било преседан Владата да бара од градот да ја спасува за парното греење.

Срамна е оваа изјава, заедно со онаа од пред некој ден дека Градот можел да и смисли мерки на Владата.

Арсовска мора да разбере дека нејзина примарна одговорност и обврска е Градот да направи сѐ за да им помогне на граѓаните, а не на Владата.

Градоначалничката ја нема во медиумите да зборува за тоа што го треба да го сработи за граѓаните и за што сите ја плаќаме, но затоа е прва да држи политички беседи против Владата.

Од нејзиниот скандалозен политички инает и од нејзината опасна нетрпеливост кон Владата страдаат граѓаните, и тие кои ја гласаа и тие кои не ја гласаа. А сигурен сум дека тие што ја гласаа не ја гласаа за да биде портпарол на ВМРО-ДПМНЕ туку да работи тоа што и е по опис и попис.

Спонзорирано: