Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално ТОП ВЕСТИ

СДСМ распали: Неспособната Данела ги остави скопјани сами на себе, нема парно, ЈСП во хаос, пари има само за партиски вработувања

Соопштение на СДСМ:

После денешното интревју на сите им стана кристално јасно: неспособноста на градоначлниката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска е на виделина.

Данела ги остави скопјани сами на себе среде глобална енергетска криза.

Јавно признава дека нема предивено ниту денар за помош на скопјани.

Ладните радијатори не ја интересираат. Неоговорно, но иронично, Данела се прави ненадлежна и се крсти во Владата предводена од СДСМ дека ќе им помогне на скопјани, истата Влада која секојдневно ја критикува.

Секако дека Владата нема да дозволи скопјани да останат без парно поради несподобната Данела.

За време на целото интервју се покажа дека Арсовска нема ниту еден проект, не само што нема решение за ниту еден проблем, таа е извор на пробелмите на скопјани со своите скандалозни одлуки.

Нема при Арсовска за парно за скопјани, нема пари за ЈСП кој е во хаос поради откажувањето на БРТ превозот, нема пари за животна средина, нема пари за почист воздух. Само за партиски вработувања на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ Данела има 670.000 евра.

Арсовска треба да разбере дека граѓаните ја избраа за да им помогне а не да бара изговори.

Од нејзината неспособност, политички инает и од нејзината нетрпеливост кон Владата страдаат граѓаните на Скопје.