Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално Во тренд...

Арсовска ги остави скопјани сами да се справуваат со кризата, додека таа вдомува кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје,обвини Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ

Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Данела Арсовска и градоначалниците на општините во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат целосна негрижа за своите граѓани.

Арсовска тврди дека Град Скопје немал пари да се вклучи во субвенционирањето на цената на топловодна енергија.

За оваа мерка Владата ќе покрие 80 отсто од разликата меѓу реалната и актуелната цена на парното греење, а останатите 20 отсто треба да ги покрие Град Скопје заедно со општините.

Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра на 109 вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, но не планира да даде пари за граѓаните на Скопје да не плаќаат поскапо парно.

Ова е уште еден од фактите кои покажуваат дека градоначалничката Арсовска не работи за интересите на граѓаните, туку се грижи единствено за личните и партиски интереси.

Арсовска го прекина проектот за Бас рапид транзит, поништи оглас за вработување на пожарникари, Управните и Надзорните одбори на установите и претпријатијата ги полни со партиски кадри, вдомува 109 активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните ги остава сами да се снаоѓаат во време на криза со топловодна енергија.

Арсовска работи спротивно на интересите на граѓаните и свесно дејствува против развојот на Град Скопје.

Град Скопје има свој Буџет и наместо да бара оправдувања за нејзината неспособност, таа конечно треба да почне да работи за она што е избрана – да решава проблеми.

Во спротивно, нека отстапи од функцијата која досега ја извршува неодговорно и несериозно.