Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ му врати на ДПМНЕ: Мицкоски не ја разбрал суштината на поканата за средба, избори нема да има, треба да се посветиме на граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба.

Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори.

Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните.

За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми.

Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија.

Покрај ова, новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СКОПЈЕ, МЛАДИ СЕ ПОВРЕДЕНИ – „Мерцедес“ излетал од автопат и завршил во двор на куќа

ДЕСК

ВООРУЖЕН 26-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВО КИЧЕВО – Кај него пронајдени пиштол и 31 куршум

ДЕСК

СО 2,23 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ПРАВЕЛ НЕРЕД ВО КИЧЕВО – Полицијата приведе 62-годишен маж

ДЕСК