Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски за ставовите на Димитров: Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата

– Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно, вели мандатарот на новата влада, Димитар Ковачевски во однос на пред конференцијата на Никола Димитров.

– Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии. Димитров лично бил дел од градењето на истите тие позиции. Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени држави позици во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот. Граѓаните да бидат спокојни дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени со заминувањето на Димитров, вели Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Сертифицирана втората генерација социјални ментори во земјава

ДЕСК

„Европа е за можностите“: Младите во Штип го одбележаа Денот на Европа преку студии, мобилност, дијалог и музика

ДЕСК

Вознемирувачки случај во центарот на Скопје: Жена пријавила недолично однесување на маж кој се самозоволувал пред неа

ДЕСК