Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мартин Попов: Во време на енергетска криза Арсовска нема предвидено ниту денар за помош на граѓаните

Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на глобална енергетската криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во буџетот за помош на граѓаните, обвини денеска Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Според него, скопската градоначалничка постојано се иззема и бара разни оправдувања за нејзината неспособност и незнаење.

„Член 151 став 1 од Законот за енергетика јасно вели дека ‘Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности:

1) производство на топлинска енергија;

2) дистрибуција на топлинска енергија и

3) снабдување со топлинска енергија“, посочи претставникот на СДСМ и додаде дека Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавиле скопјани среде криза.

Попов кажа дека во градскиот буџет за 2022 година за шест пати се намалени средствата за субвенции за набавка на инвертори, а, како што рече, нема ниту еден денар издвоено за справување со енергетската криза.

„После три месеци од мандатот, Арсовска конечно нека ги научи надлежностите на градоначалникот и Советот на Град Скопје и нека се зафати со работа или нека остапи“, порача тој.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ЧЕТИРИГОДИШНО СКОПЈАНЧЕ ВО АВТОБУС: Судир меѓу автомобил и автобус во центарот на Скопје, возачот на колата побегнал

ДЕСК