Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Почна да врне снег: Забрана за сообраќај на неколку патни правци – еве кадее вее во моментов

На патниот правец Гостивар – планински превој Стража -Кичево поради интензивни врнежи од снег во 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од 9:30 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и на патниот правец Маврово – Дебар.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некоиповисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково и Пресека. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60м. има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80м. на планинскиот превој Буково.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 32°C: Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола и еден под дејство на алкохол

ДЕСК

УКИМ одбележува патронат и 77 години од основањето

ДЕСК