17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОР

Наместо да ја руши дивата џамија во Злокуќани, Јакимовски преговара со оние што незаконски градат

Откако локалните жители во Злокуќани реагираа јавно дека во нивото населено место од рано наутро до доцните вечерни часови забрзано се гради џамија-дивоградба, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски за утре договори средба со претставници на групата која стои зад бесправната градба.

Иако станува збор за незаконско и самоволно градење, односно градбата е без дозвола од надлежните институции, за која нема информации ниту Исламската верска заедница, градоначалникот Јакимовски надвор од секој закон договара средба за преговори со оние кои го кршат законот и не ги почитуваат процедурите за градење.

Доколку Јакимовски сака да биде градоначалник на сите граѓани во општината и сака правна држава, тогаш согласно законот треба уште утре да го реши овој случај на единствениот легален начин – со стопирање на градбата и потоа со рушење на нелегалниот објект. Наместо тоа, Јакимовски остава впечаток во јавноста дека се обидува да купи време со преговори и договори кои пак оставаат простор за корупција и издавање на дозвола отпосле, со што само ќе се потврди дека целата активност околу џамијата е спротивна на законот.

Одговорноста за изградбата на безправната џамија, односно нејзиното стопирање и рушење е кај Општина Карпош и кај градоначалникот Јакимовски и затоа карпошани очекуваат еднаков однос кон сите жители и се надеваат дека општината ќе се води по законски правила, а не по желбите на поединци со кои Јакимовски ќе преговара. Затоа ним им е нејасно зошто и со кого ќе се преговара. Ако некој не почитува закон мора да одговара според закон, а не да му се дава простор за преговори.

Жителите на Злокуќани предупредуваат дека џамијата во нивната населба ја градат радикалните исламски структури познати како Вахабисти и се загрижени за својата безбедност, додека од друга страна градоначалникот Јакимовски наместо да ја запре и руши дивоградбата, договара состанок со луѓето што безправно градат во неговата општина.

Дали ова ќе биде новата пракса во Карпош, секој да може да започне да гради каде што ќе посака, а при тоа надлежните да не понесат одговорност, односно да преговараат со оние кои го кршат законот? Јакимовски сигурно знае дека ова е негова надлежност и дека не смее да се обидува да бара други виновници на случајот. Ова не е случај за други институции, ова е случај што мора да го реши општината.

Спонзорирано: