Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден пешак откако возило удрило во него на регионалниот пат Кратово-Чатал

На 06.01.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат Кратово-Чатал, кај с.Туралево, кратовско, патничко моторно возило „цитроен“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(44) од Кратово, удрило во пешакот Д.Ф.(35) од Пробиштип. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија

C +

Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

C +

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

C +