Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Драстична промена на времето, доаѓа дожд и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се зголемува, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од утре до понеделник ќе преовладува облачно време, од утре кон крајот на денот со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали.

Прогноза за 08.01.2022
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 9°C
Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 09.01.2022
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 5°C до 9°C
Променливо облачно и постудено со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Прогноза за 10.01.2022
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 10°C
Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК