Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

41 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (06.01.2022) во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 41 возач. Од нив 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК