13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Наместо бесплатен јавен превоз, Данела Арсовска воведува опционален дневен билет кој ќе чини 120 денари

ЈСП „Скопје“ ќе воведе дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз којшто ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави „Сакам да кажам“.

– Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите, велат од ЈСП „Скопје“.

Инаку градоначалничката поддржана од Вмро дпмне дојде на власт со ветување дека ќе воведе бесплатен јавен превоз, но засега има најави само за редукција на јавниот превоз, молења до владата да им помогне, како и воведување на и и нови дневни билети кои чинат 120 денари, а не бесплатен кавен превоз.

Спонзорирано: