Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Николовски: Даваме поддршка на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски држави за чекорите кои ги презема за борба против корупцијата и добро владеење во Западен Балкан

Фејсбук статус на Љупчо Николовски:

Северна Македонија покажа силна одлучност и отвореност за соработка со меѓународните партнери во сузбивањето на корупцијата и криминалот. Во тој контекст, даваме поддршка на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски држави за чекорите кои ги презема за борба против корупцијата и добро владеење во Западен Балкан. Одлучните антикорупциски чекори се охрабрување за земјите од регионот да ги продолжат реформите и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот.

Ние, земјите од Западен Балкан, имаме една заедничка цел, а тоа е преку спроведување на неопходни реформи и комплетно прифаќање на демократските вредности и владеењето на правото, да бидеме дел од европското семејство.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК