Бизнис-инсајдер објави листа на книги кои Илон Маск ги препорачува, но и вредни совети за младите кои сакаат да бидат успешни.
Првиот совет што го даде Мaск беше дека луѓето треба да „се трудат да бидат корисни“.
„Правете работи кои се корисни за вашите соседи, светот“, рекол милијардерот и продолжил: „Тешко е да се биде корисен – многу тешко“.
Ако некој живее корисен живот, тоа е „живот што вреди да се живее“, рече Мaск.
Вториот совет што го спомна во подкастот беше дека треба да се придонесе повеќе отколку да се троши.
„Обидете се да имате позитивен нето придонес во општеството“, рече тој. „Тоа е нешто кон кое треба да се стремиме.
Маск нагласи дека „почитува некој кој работи чесно“. Тој ги советува младите да не се трудат да бидат лидери само заради позицијата.
„Во повеќето случаи, луѓето што ги сакаат како лидери се луѓе кои не сакаат да бидат лидери“, рече Маск.
Тој истакна и еден интересен податок дека како дете читал енциклопедии.
„Би ги охрабрил луѓето да читаат многу книги“, рече тој. „Обидете се да внесете што е можно повеќе информации и обидете се да развиете добро општо знаење за да имате барем груба слика за земјата на знаењето.
Неговиот последен совет беше младите да разговараат со другите.
„Разговарајте со луѓе од различни сфери на животот и различни индустрии и професии и вештини“, рече тој, нагласувајќи: „Учете колку што можете повеќе“.
Книгите што ги препорачува Мaск се:
Господарот на прстените“, Џ.Р.Р.Толкин; „Автостоперски водич за галаксијата“, Даглас Адамс; „Бенџамин Френклин: Американски живот“, Волтер Ајзаксон; „Игниција: Неформална историја на течните ракетни погони“, Џон Д. Кларк; „Нашиот последен изум“, Џејмс Барат; „Месечината е сурова љубовница“, Роберт Хајнлајн и др.