Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Горивата поскапуваат – ова се новите цени

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27.12.2021 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг.

Од 4.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,210 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934% , кај екстра лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.

Можеби ќе ве интересира

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

ДЕСК

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

ДЕСК

До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ Обврзници

C +