23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Освен што не дозволи цената на струјата да порасне за повеќе од 10 отсто, Владата ќе ги намали сметките за најранливите категории

Најранливите категори на граѓани со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош, ќе дибјат намалувања на сметките за електрична енергија во износ од 600 до 800 денари, во зависност од големината на домаќинството.

Со оваа мерка, Владата ќе помогне на околу 7500 домаќинства во следните 12 месеци, со цел полесно изборување со енергетската криза која ја зафати цела Европа.

Освен финансиската помош за најпогодените граѓани, Владата со својата активност и економски мерки за енергетските компании се погрижи и поскапувањето за бизнисите и домаќинствата да биде помало.

Како што нагласи и претседателот на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, со обврската што ја презеде Владата за помош на државните компании во наредниот период, поскапувањето на електричната енергија е само 9,48 отсто, наместо 25 отсто.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, информираше дека обезбедени се доволни количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за работа на двата блока на РЕК Битола.

– За месец јануари се планира да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, значи од 10 јануари 2022 година. Истовремено се планира вториот блок во ТЕЦ Неготино или вториот котел да стартува на 15 јануари 2022 година. Со тоа, според најновиот биланс на АД ЕСМ, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство односно без никаков увоз во месец јануари, изјави Бектеши, изразиувајќи уверување дека рестрикции на електрична енергија нема да има во Северна Македонија.