Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Oрце Камчев не е веќе во Шутка, се лекува во “Систина”

Додека Сашо Мијалков во средата попладне се пакувал да излезе од притвор во затворот во Шутка, сообвинетиот во процесот „Плацеви на Водно“ Орце Камчев се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, го испратил на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“, објави порталот Сдк.мк.

Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од болнички извори, Камчев кој е член на одборот на директори на болницата таму веќе го чекал тим од лекари, кој по прегледот востановил дека треба да биде хоспитализиран, пишува СДК.

Камчев во моментов се наоѓа во Систина. Инаку Орце Камчев ја очекува одлуката на Апелација по пратената жалба, дали ќе биде пуштен од притвор.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК