Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ангеловски: Ако не славите Нова година дома, не постирајте фотографии на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи апелира да се избегнува поставување на фотографии на социјалните мрежи за новогодишните празницибидејќи тие се вистински извор на информации за крадците каде може слободно да оперираат.

-Ние како МВР секоја година во ова време и пред летните одмори кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелираме за внимателност, затоа што покрај мерките што ги презема МВР и граѓаните треба да ги преземат мерките од нивна надлежност, за да можат да си ги заштитат домот и имотот. Апелот е доколку луѓето не слават дома, да не се постираат фотографии од местото на настанот кај што се, затоа што на тој начин преку социјалните мрежи им давате сигнал на оние кои имаат криминални намери, изјави Ангеловски за „Слободен печат“.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +