Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со тројно намален буџет, Арсовска не може да обезбеди мерки за справување со загадениот воздух

Од владејачкиот СДСМ велат дека Данела Арсовска за Секторот за животна средина во буџетот на Градот за 2022 година предвидела три пати помалку средства во споредба со оваа 2021 година.

Иако градоначалничката Данела Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето, додаваат од СДСМ, таа го намалува буџетот за животна средина од 213 милиони денари, колку што изнесува оваа година, на 73 милиони денари во 2022 година.

Истовремено, потсетуваат од оваа партија, Арсовска го укина БРТ системот кој е еколошки проект за јавен превоз.

„Со ваков пристап нема борба против загадувањето, нема чист воздух. Благодарение на мерките спроведени од централната и локалната власт на СДСМ во изминатите четири години, аерозагадувањето во Скопје се намали за 33 отсто“, посочуваат од партијата на власт.

Дополнуваат дека, Град Скопје и градоначалничката, треба да престанат да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, за исполнување на она што Данела Арсовска им го ветила на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК