6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

ЗНАК КОЈ МОЖЕ ДА ВИ СПАСИ ЖИВОТ: Пред срцев удар се случува оваа промена на кожата!

Најчестите симптоми на срцев удар вклучуваат болка во градите, отежнато дишење и гадење. Сепак, научниците откриле дека постои еден симптом кој се јавува порано и кој може да помогне да се спречат фатални последици.

Срцевиот удар настанува поради недоволно снабдување со крв во срцето, но и поради таложење на масни наслаги во артериите, кои исто така го блокираат протокот на крв.

Срцевиот удар може да има фатални последици, а за да се избегнат потребно е навреме да се реагира. Пациент кој добива лекарска помош навреме има значително поголеми шанси да преживее.

Истражувањата покажаа дека осип на кожата може да биде најраниот знак дека ќе доживеете срцев удар. Оваа промена всушност изгледа исто како осип, а всушност се работи за наслаги на холестерол, според тврдењата на Американската академија за дерматологија.

Кога масните наслаги ги затнуваат артериите, вишокот холестерол се складира во друг дел од телото.

“Може да се појават знаци на кожата или ноктите. Ненадејните промени на кожата како што се мали испакнатини или осип укажуваат на тоа дека имате нагло покачување на холестеролот. Овие промени настануваат како резултат на високите нивоа на триглицериди во крвта”, вели др. Мајк Морис.

Црвените или виолетовите линии можат да се појават и на прстите, под ноктите. Тоа се всушност оштетување на крвните садови кои се јавуваат пред срцев удар.

Доколку ја забележите оваа необична промена, најдобро би било да посетите кардиолог и да го проверите здравјето на срцето, советува лекарот.

Можеби ќе ве интересира

“Куркумактив” 95% екстракт од куркума кој докажано ги елиминира сите видови воспаленија, отоци и болки во зглобовите и мускулите

ДЕСК

Дерматолозите се едногласни Eucerin DERMOPURE CLINICAL е ефикасно и долгорочно решение против акни!

C +

Гел од АЛОЕ ВЕРА  за имунитет, заштита од слабокрвност и подобрување на нутритивниот статус  

C +