22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија кој не смее да се повтори, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

Соопштение на СДСМ:

24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија.

Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи.

На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка новинарите и снимателите од пленарната сала на Собранието, а потоа на насилен и подмолен начин, злоупотребувајќи го собраниското обезбедување и полицијата, ги исфрли од салата и пратениците на СДСМ.

24 декември 2012 е вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ која кулминираше со обидот за убиство на пратеници и новинари во Собранието на 27 април 2017 година.

Денес, девет години подоцна во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето.

Зоран Ставревски човекот кој на 24 декември 2012 го даде налогот за исфрлање на пратениците од опозицијата, денес повторно е во раководните структури на партијата, а неколку градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се поранешни осудени лица за криминал и насилство.

24 декември не смее никогаш да се повтори.

Со демократските промени и преземањето на одговорноста од страна на Влада и мнозинство предводени од СДСМ демократијата се врати во македонското Собрание.

Буџетот се носи во демократска атмосфера, со конструктивна дебата и прифаќање на забалешки и амандамани од опозицијата.

Тоа е голема разлика каде беше нашата татковина тогаш а каде е денеска, што значи слободно и демократско општество кое работи за своите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T