7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, почнуваат роковите за избор на нова влада

Собранието ја констатираше оставката на Зоран Заев од премиерската функција, што беше дочекано со аплауз од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

По ова актуелната Влада останува на должност се до изборот на новата Влада.

Собранискиот спикер Талат Џафери им објасни на пратениците дека со оставката на премиерот завршува мандатот на целата влада, но дека технички продолжува со работа до избор на нова.

Инаку Заев преку писмо ги информираше претседателот на Собранието и пратениците дека поднесува оставка од функцијата премиер и објасни дека одлуката ја донел како логичен чекор што произлегува од исходот на локалните избори и како израз на одговорност за изборите.

Според него, резултатите од последните избори одржани во октомври, „иако беа локални, имаат политички момент во кој се наоѓа државата, национална и политичка тежина“.

Инаку и покрај барањето на опозицијата, денеска немаше пратенички прашања.

По ова, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Како што најави претходно Заев, мандатар ќе биде неговиот наследник на чело на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

M T

Заев додели 8500 признанија на здравствените работници

M T

Премиерот Заев доби плакета од студентите oд Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и реализацијата на младинските политики

M T

Заев: Свети Климент е жив паметник на нашата историја и основач на Охридската школа

M T