22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почнува нов проект за зачувување на биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето и развој на одржлив туризам

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и раководителот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Харалд Егерер, денеска го отворија воведниот состанок за ГЕФ/УНЕП проектот „Зачувување на биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето и развој на одржлив туризам во Северна Македонија“ (GEF7), најавувајќи ја неговата подготвителна фаза.

На состанокот беа презентирани предложените проектни цели, предлог проектните компоненти, очекуваните резултати, работниот план за спроведување на подготивтелната фаза, како и процесот на вклучување на засегнатите страни и постапките и барањата на GEF. Беше презентирана и состојбата со биолошката разновидност и деградацијата на земјиштето во нашата држава, како и статусот, планираните активности и перспективи идентификувани со нацрт планот за управување со НП Шар Планина.

Новиот проект е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а ќе се имплементира преку Програмата за животна средина на ООН (УНЕП) и Министерството за животна средина и просторно планирање. Истиот треба да даде поддршка во националните и локалните напори за постигнување на националните цели за неутралност на деградација на земјиштето и зачувување на биолошката разновидност во Северна Македонија, преку интегрирано управување со пределите.

Зголемувањето на територијата на заштитени подрачја во државата со прогласувањето во текот на изминатава 2021 г. на Осогово и од неодамна и Малешево за заштитен предел и дел од Шар Планина за национален парк ја достигна бројката од 13.8% од севкупната територија на државата, но допрва стои предизвикот за ставање на функција на механизмите за заштита во заштитените подрачја. ГЕФ/УНЕП проектите се подолг период присутни во Република Северна Mакедонија, особено во делот на заштита на Шар Планина, но проектот ГЕФ 7 цели кон постигнување бенефити за природата на целата територија на државата и синергија со другите програми за заштита на природата кои се имплементираат кај нас.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

M T

Спасовски: Зголемени капацитетите на МВР за поефикасна контрола на мало и лесно оружје преку проект на УНДП

M T

СДСМ: Шест месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден проект, ниту едно исполнето ветување

M T

СДСМ: Арсовска не сработе ниту еден проект, за 82 дена мандат успеа само да ја партизира градската администрација

M T

Каевски: Арсовска нема реализирано ниту еден проект

M T

Проектот „Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски со соработничката Моника Мотеска и НГМ, годинешен преставник на Венециското биенале на уметноста

M T