3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Со поддршка од ЕУ градиме нов интегриран систем на податоци за основно, средно и високо образование, алатка која ќе го олесни одлучувањето и ќе ја забрза дигитализацијата

Министерството за образование и наука ќе добие нов интегриран податочен систем, кој ќе содржи податоци за основното, за средното и за високото образование. Тој ќе има добро структуирана база на податоци и полесно ќе ги обработува, а тоа ќе ни ја олеснува работата кога треба да направиме анализа за да донесеме одредена одлука. Со поддршка од ЕУ, спецификацијата за системот е веќе направена и одбрана е компанија која ќе го изработи и ќе ни го предаде целосно подготвен за употреба.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната презентација на резултатите од проектот “Подобрување на квалитетот на податоците и зајакнување на политиките“ финансиран преку ИПА фондовите на ЕУ, а во кој учествуваа министерствата за образование и наука и труд и социјална политика, како и Агенцијата за вработување.

„Задоволни сме од крајниот исход и од постигнатите цели. Проектот ги зајакна аналитичките капацитети на МОН и на низа други институции од областа на образованието. Го зајакна и управувањето со информатичките системи со кои во моментов располагаме и најважно, иницираше изработка на еден целосно нов и модерен систем на податоци кој ќе биде корисна алатка за поедноставно обезбедување добар инпут за носење квалитетни одлуки, но и за забрзување на дигитализацијата на образованието“, рече Царовска, додавајќи дека токму дигитализацијата е приоритет во програмата за работа на МОН, затоа што, како што рече, тоа не е тренд, туку потреба и голема придобивка за граѓаните.

Информираше дека за година и половина МОН успеа да организира и значително да го подигне квалитетот на онлајн наставата што беше потврдено и од УНИЦЕФ, материјалите за учење започнаа етапно да се дигитализираат, а учениците кои имаа потреба од поддршка од државата добија таблет уреди. Во меѓувреме, училиштата се опремија со интерактивни табли и други помагала, а голем дел од образовните услуги како уписи на првачиња, аплицирање за стипендии и ученички и студентски домови, како и за нострификација на дипломи, се дигитализираа.

„Сумирано, овој проект се реализира во вистинско време, кога ги интензивираме заложбите и го забрзуваме процесот на дигитализација на општеството, вклучително и на образованието. Благодарна сум на поддршката што ја добиваме од ЕУ и очекувам соработката да се продлабочува, да се воведуваат нови практики и современи алатки и методи во работата на институциите на системот, а со тоа и да се обезбедуваат придобивки за нашите граѓани“, потенцираше Царовска.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Финасиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T