12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Огромен е стравот на ВМРО ДПМНЕ од Димитар Ковачевски

Огромен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски, реагираат од СДСМ.

– Огромен е стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Затоа, од белиот дворец секојдневно конструираат измислици и шират лажни вести за неосновано да го напаѓаат претседателот Ковачевски.

На сите објавени биографии и резимеа на претседателот Ковачевски, достапни за целата јавност на интернет, јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал.

Но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ секојдневно да шират лажни вести во обид за дискредитација на Ковачевски, до што на виделина го покажуваат стравот кој владее во нивните редови, се вели во соопштението на СДСМ објавено утрово.