Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денес облачно, од утре ни се враќа снегот и студот со температури до -10 степени: Детална прогноза до крајот на неделата

Денес ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

Прогноза за 18.12.2021
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 19.12.2022
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.12.2021
Минимална температура: -10°C до 0°C
Максимална температура: -1°C до 8°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +