Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

(Фото) Данела се фати за работа, не сечеше лента но промовираше проект нивелирање на шахтите

За бесплатен градски превоз ќе почекаме. Денеска Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска промовираше нов проект – Нивелирање на шахтите.

На настанот не се сечеа ленти, како во времето на Коце кога беа пуштани во употреба канти за ѓубре. На овој настан не присуствуваше Христијан Мицкоски, кој редовно се појавува на претставувањето на проекти на своите градоначалници.

– Започнавме со нивелирање на шахтите во Скопје кои се подигнати повеќе од нормалното или пропаднати под нивото. Денеска бев на проверка на работите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов каде се поставуваат самонивелирачки шахти.

Ова беше еден од поголемите проблеми за кој граѓаните се жалат, а неговото решавање е дел од програмата на Град Скопје за првите 82 дена од мојот мандат, напиша Данела Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК