Доколку во изминатите 30 години, наместо во барок, споменици и за непродуктивни трошоци се инвестираше во енергетиката и за засилување на еколошкто производство на струја, денешната ситуација ќе беше многу поинаква и Северна Македонија многу полесно ќе ја преживееше енергетската криза која ја зафати Европа.
По доаѓањето на власт на СДСМ, Северна Македонија го започна процесот на преминување на производството на електрична енергија од јаглен на еколошки извори. Со големите инвестиции во фотоволтаици и ветерници, земјава ќе има алтернатива и зголемено производство, но инвестициите во енергетскиот сектор плодот не го даваат веднаш.
Во меѓувреме се со цел да се избегнат рестрикции и пострашна енергетска криза, Министерството за економија на Северна Македонија договори набавка на три милиони тони јаглен годишно од Косово, со цел задоволување на потребите на домашните термоелектрани.
Енергетскиот систем запоставен со години
Долгогодишното запоставување на енергетскиот систем, на сметка на бизнис интересите на одредени структури, плодот го даваат во овој период. Доколку сите влади досега инвестираа во енергетиката како владата на СДСМ, тогаш земјава веќе ќе имаше готови енергетски капацитети и ќе можеше да ја искористи енергетската криза, дури и за извоз на електрична енергија
Ако се вратиме назад наместо да се инведтира во енергетски ефикасни фасади, фотоволтатици во домовите и слично, ВМРО-ДПМНЕ стимулираше употреба на огревни дрва и постојано дсваше субвенции кои воопшто не одеа бо прилог на Зеленото сценарио, на тој начин се намалуваше потрошувачката на струја во зимскиот период, ама само се маскираше проблемот со кој се соочи владејачката СДСМ.
А овие проблеми не се решаваат ниту брзо, ниту лесно.
Сепак инвестициите во фотоволтаиците инвестиција од Франција кои ќе произведуваат 415 мегават часови струја, и германската инведтиција во ветерниците кои ќе произврдуваат 400 мегават часови струја, ќе донесат значително подобрување на состојбите во енергетскиот систем следните години се со цел напуштање на цврстите енергенси како што е јагленот.
Мора да се потпреме на јагленот, оти немаме избор
Според аналитичарите целокупната состојба со струјата во најголем дел е поради политичките случувања во Европа, а на нас останува да штедиме се додека не се стабилизира овој пазар.
Едно од најбрзите решенија е увоз на јаглен кој ќе го употтебуваат нашите електрани се додека не се префрлиме на алтернативните начини на производство на струја за што треба време.
Министерот за економија, Крешник Бектеши со неговата колешка од Косово Артане Ризваноли договорија Меморандум за разбирање меѓу двете држави, со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство на струја од домашнтие капацитети.
На овој начин, земјава ќе се спаси од набавка на далеку поскапа електрична енергија од светските и европските берзи и ќе може со пониски цени да произведува електрична енергија. Со тоа на крајот ќе се ублажи ценовниот шок кој што го плаќаат граѓаните.
„Заинтересирани сме да ја продлабочиме соработката особено во однос на набавка на јаглен од Република Косово во Северна Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите бидејќи капацитетите во однос на експлоатација на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение кое ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Северна Македонија, рече министерот Бектеши.
Тој додаде дека сите се засегнати од енергетската криза па на овој начин ќе се зголеми соработката не само со увозот на јаглен, туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји.
– Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение, имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Северна Македонија и обратно, но за да се постигне тоа сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет. Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор кој во наредниот период период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија, истакна министерот Бектеши.